Филипче посакува мирни и фер избори


Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска го оствари своето избирачко право, а порача да има фер и мирни избори.

„Оочекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори. Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска“, рече Филипче.

То е задоволен од текот на кампањата, ја оцени како фер.

„Мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на граѓани, да ги преставиме нашите кандидати, нашата програма. Сметам дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат“, додаде тој.