Филипче: Новодијагностицирани 10, оздравени 5 и еден починат


Денеска регистрирани 5 оздравени пациенти во Скопје и во Неготино.
Потврдени 10 нови од кои 6 во Скопје.
Еден починат на инфективна на возраст од 60-тина години од Делчево со други малигни болести, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
– Факт е дека е намален бројот на тестирања, затоа што нема индикации за тестирање. Тоа е тоа што го сакавме, тоа и го постигнавме -додаде тој.
Од утре почнува скринингот со засегнатите, а ќе почне и тестирање на вработените во градинките, за да се стават во функција, рече Филипче.
До сега има 1.205 оздравени, 72 проценти од сите дијагностицирани. Се намалува бројот на активни случаи и тој број е 377 или 22,5 проценти од вкупниот број. Се помалку има и починати пациенти, ако се нотира дека два дена немаше починат пациент.
Расте бројот и на оздравени здравствени работници, така што оздравени се 217, од 242 дијагностицирани.