Филипче: Не можеме да кажеме кога ќе се отворат градинките, но засега не


Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега не е време да се отворат градинките, со оглед на тоа што секојдневно имаме голем број новозаразени пациенти со Ковид-19.

Во однос на веќе спроведениот скрининг на вработените во градинките, Филипче рече дека во тој момент имало услови градинките да бидат отворени, а скринингот се направил со цел да се заштитат децата.

– Сепак, потоа почна да расте бројот на новозаболени, пораид што не е возможно да се отворат градинките – рече Филипче, додавајќи дека во еден мометн тоа ќе се случи, но не може да каже кога.