Филипче: Намален притисокот на болниците


Фото: Б. Грданоски

 

Министерот за здравтво Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека болниците се растоварени од пациенти со Ковид-19 за разлика од минатата недела, а здравствениот систем има доволно капацитет за сите пациенти.

– Модуларната болница е целосно испразнета, а таму се мести систем за довод на кислород – рече Филипче.

Исто така и Инфективната клиника има слободнни кревети, а слична е состојбата и во сите други одделенија во другите болници каде се примаат болни од Ковид – 19.