Филипче најави брзи тестови во училиштата


Минстерот за здрваство венко Филипче, најави дека следните денови детално ќе ја презентираат методологијата за скринингот за тестирање на учениците во основните и средните училишта.

– Факт е дека има тука одредена трансмисија многу мала, меѓутоа сакаме да направиме скрининг на состојбата поради тоа што многу често децата се и асимптоматски носители – додаде Филипче, на денешната прес-конференција.

Тој информираше дека во најголем број училишта ќе се прави тестирање со брзи антигенски тестови, но за тоа сè уште не може да каже повеќе детали.

Според последниот извештај на Комисијата за заразни болести, состојбата со Ковид-19 во училиштата во државата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата.

Според последните податоци на Министерството за образование и наука добиени од училиштата, на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, што е исклучително низок процент. Вакциниран е над 72 отсто од наставниот кадар, што е речиси двојно повеќе од националниот просек.