Филипче: Над 1.000 операции се направени во хируршките одделенија во Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција појасни дека во трите хируршки институции во Скопје, на Клиниката, во хируршката болница „Св. Наум Охридски“ како и во болницата „8 Септември“ направени се над 1.000 неопходни операции.
Најмногу или околу 1.200 на Хируршките клиники во Државна болница,  повеќе од 300 во „Св. Наум Охридски“ и околу 200 во „8 Септември“.
Поради пандемијата од корона вирусот и пренамената на дел од болниците за прием на пациенти со Ковид-19, во болниците сепак се третирале и пациенти со други заболувања, особено оние кои имале потреба од итна операција.