Филипче му оддаде почит на Киро Глигоров


 

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го посети гробот на превиот преседател на Македонија, Киро Глигоров, и му оддаде почест на неговиот лик и дело. Заедно со Филипче беа ќерката на Глигоров, Донка Глигорова, и неговиот шеф на Кабинет, Живко Кондев.

„Длабока почит за ликот и делото на првиот претседател на независна и суверена Македонија и горд носител на членската книшка бр.1 на држовотворната СДСМ, другарот Киро Глигоров. Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата и вредностите врз кои почива современата македонска држава. Секогаш ќе стојам простум пред сите оние кои со своите дела вечно се вградени во темелите на нашата татковина. Продолжуваме да го чуваме огнот на АСНОМ и НОБ како негови горди наследници и следбеници на тие вредности и идеали. Секогаш на вистинската страна на историјата“, порача Филипче.