Филипче: Ќе се објавуваат имињата на тие што не почитуваат самоизолација


Бидејќи постојат граѓани кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација, некогаш со оправдување дека не биле двојазични, министерот за здравство Венко Филипче најави дека се размислува нивните имиња да бидат објавени.
– Сериозни проблеми имаат инспекторите кога ги делат решенијата. Најверојатно нивните имиња ќе бидат објавени на страницата на Министерството за здравство. Тоа ќе значи дека решение за самоизолација важи – рече Филипче, иако не е доставено од која било причина до носителот на решението.

 

Според него, се размислувало и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат.

-Една од опциите е ејавно да се објави, според законот за управна постапка, и  список на лица коишто треба да бидат во самоизолација, заради тоа што навистина многу време се губи и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата коишто не сакаат да излезат во пресрет и да соработуваат со епидемиолозите и со ДСЗИ, нагласи Филипче.