Филипче ќе се консултира со Дескоска за запирање на судењата


Судските процеси не се сопрени, иако Владата секојдневно носи нови мерки за заштита од корона вирусот. Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје во тек е и рочиштето за случајот „Рекет”.

Министерот за здравство Венко Филиче на денешната прес-конференција посочи дека судот е место каде што секојдневно има голема фрекфенција на луѓе и дека по состанокот со министерката за правда, Рената Дескоска ќе биде соопштена одлуката, дали ќе има одложување и на судењата.

„Судот е место кое навистина циркулираат голем број на луѓе, ќе разговараме со министерката за правда и дополнително ќе донесеме одлука како ќе постапиме во тој дел и ќе ја соопштиме одлуката”, изјави Филипче.

Покрај мерките на Владата и на Министерството за здравство судските постапки и закажаните судењасе одржуваат во полни судници.