Филипче ја објави листата на сите донатори – собрани 59.300.000 денари


Министерот за здравство Венко Филипче, ја објави листата на сите донатори кои дадоа пари или медицински средства за институциите за да помогнат во борбата со корона вирусот.

– Голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. На наменската сметка на Министерството за здравство за донации досега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари. Донациите во опрема и добра за вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ, како и за други здравствени институции.
Особена благодарност упатувам за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот – напиша Филипче на Фејсбук, а во прилог ја стави листата на сите донатори.