Филипче: Истекоа 14 дена карантин за лекарите дерматолози


Фото: Б. Грданоски

Вчера на Клиниката за инфектологија почина 63-годишен маж од Дебар, потврди министерот Венко Филипче.

Пациентот бил примен на 17 март без покачена температура, само со наод на белите дробови. Мажот не бил заболен од друга болест.

Министерот ги потврди бројките на новозаболени во последното деноноќие 22, со што бројот заболени се зголеми на 136.

На Клиниката за инфектологија тројца се со потешка клиничка слика, двајца со средно тешка.

Веќе се истечени 14 дена за докторите од дерматологија, па следува повторно тестирање, со што ќе можат да се вратат на работа, рече Филипче.