Филипче: Да се продолжи времето за гласање, кампањата по дворови место по домови


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Венко Филипче ги изнесе препораките на Комисијата за здравствени болести за тоа како би требало да се одвиваат евентуалните избори во време на корона вирусот. Според Филипче, подготвен е  протокол кој предвидува како да се одвива кампањата, како да се организира гласањето, како да се однесуваат гласачите и колку да трае гласањето. Според тие препораки Сите активности во кампањата треба да се одвиваат со физичката дистанца до два метри, задолжително носење на маска и често миење на рацете и дезинфекција. Другите предлози се:

-При одржување на било какви собири мора да се почитуваат сите мерки што ги наброи, во отворен или на затворен простор, дотаму што и за помали собири да се користат повеќе разгласни уреди за да се разретчи физичкото присуство.

-За време на кампањата од врата на врата да не се прават посети во самите домаќинства туку исклучиво во дворовите.

-Партиските активности  секогаш кога е можно да се организираат на отворено.

-Секојдневно да се прави дезинфекција на партиските простории.

-Партиските активности, кога може да се одржуваат на отворено, а во затворено да траат само два часа по што треба да се изврши целосна дезинфекција на просторот.

-Да нема голем број на активисти на мобилните партиски штандови, туку максимум до двајца, и сите да бидат со заштитна опрема.

-Превозните сретства за  партиските активисти да бидат исполнети максимум до 50 проценти и да бидат дезинфицирани возилата.

-Членовите на гласачките одбори мора да носат заштитни маски и ракавици, да седат со отворени прозоритаму  каде што се гласа или да проветруваат на еден час.

-Во просториите да нема повеќе гласачи од боксови за гласање.

-Се препорачува, ако е можно, зголемување на времето за гласање за два часа за да нема гужви.

Филипче нагласи дека бројот на заболени во земјата, значајно се намали, но отворањето на границите и почетокот на школската година може да влијае на епидемијата . Дел од соседните земји најавија отворање на границите и важно е , според Филипче, да има координиран пристап за патувањата во текот на летото. Денес тој ќе има средба со министерот за здравство на Грција во Атина на оваа тема, пред се за координирано отворање на границата.

Филипче исто така соопшти дека градинките нема да се отвораат додека не заврши скринингот, а околу вонредната состојба тој најави дека ќе побара ново продолжување, за да важат мерките против епидемијата и натаму.  Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува во сабота.

За дозволата за патувањата на функционерите во соседните земји , која предизвика реакции во јавноста, Филипче  изјави дека не станува збор за ништо друго освен за овие состаноци на кои треба да се координира пристапот за епидемијата.

Околу тоа кога ќе почне со редовната работа болницата 8 Септември, Филипче рече дека и сега има посебна патека за другите пациенти освен тие за ковид 19, и тој процес не е компромитиран.

https://www.facebook.com/zdravstvomk/videos/2873130229442954/