Филипче: Целосно реновиран и за 30 отсто зголемен капацитетот на Одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија


 Целосно го реновиравме и за 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија. Набавивме нова опрема и реализиравме 26 нови вработувања во установата. Колегите од мојата матична клиника се мотивирани и вистински вреднувани. Работат во подобри услови и имаат повисоки плати. Градиме одржлив здравствен систем за сите, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.

Во соопштение, пак, од Министерството за здравство се посочува дека е направено и комплетно реновирање на стационарниот оддел на клиниката, со поставување тоалети во секоја болничка соба. Реновирана и целосно опремена е и детската соба, наменета за најмладите пациенти.

– Со цел да се унапреди и осовремени третманот на пациентите на Клиниката за неврохирургија, набавена е нова опрема, како што се монитори за одделот интензивно лекување, ултрасоничен нож за сечење ткива, апарат за анестезија, инфузиомати и перфузори, медицинска опрема за интензивно лекување, медицински колички за терапија, топлинска пумпа, респиратори и друга опрема. Истовремено, се работеше и на кадровско зајакнување на оваа јавна здравствена установа и во изминатите три години на клиниката се реализирани 26 нови вработувања на лекари, медицински сестри, болничари и останат немедицински кадар. Со преземање, на Клиниката се вработени и тројца лекари, кои се на специјализација по анестезиологија, се наведува во соопштението