Филипче: Асимптоматски 75 проценти од сите случаи со Ковид, носете маски

Министерот за здравство Венко Филипче повторно упати апел да се носат маски, со укажување дека 75 проценти од сите случаи на Ковид-19 немаат симтоми и може да го пренесуваат вирусот без да бидат свесни за тоа.

-Дури 75 проценти од сите случаи на Ковид-19 се асиптоматски, односно немаат симптоми. Тоа значи дека тие може да го пренесуваат вирусот без воопшто да бидат свесни за тоа. Затоа е важно сите да носиме маски и да бидеме сигурни дека и асимптоматските носители не го шират вирусот. Со носењето маска се штитиме себе, но пред сѐ другите. Личната одговорност и свесност е клуч во борбата со пандемијата, а маските докажано се успешни во спречувањето на ширење на вирусот. #НосамМаска, напиша Филипче на Фејсбук.