Филипче, Шилегов и Шабани контролираа како се мијат пунктовите за вакцинација


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје вечерва започнаа активности за рачно миење на сите пунктови за масовна вакцинација каде што се спроведува имунизацијата на жителите на градот Скопје против вирусот Ковид-19.

Активностите се реализираат во пунктовите лоцирани во спортската сала Борис Трајковски и поликлиниките  Букурешт, Чаир и Јане Сандански, со употреба на четири автоцистерни. 

„Во непосредната околина на пунктовите за масовна вакцинација против вирусот Ковид-19 секојдневно забележуваме голема фреквенција на луѓе и возила и од тие причини ЈП Комунална хигиена-Скопје вечерва презема вонредни активности за одржување на хигиената и чистотата на овие локации, со цел максимална заштита на јавното здравје“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.