Филип Петровски: Мицкоски има поддршка само од тие што го тапкаат по рамо


Петровски оцени дека лага е наводната демократизација на ВМРО-ДПМНЕ со вчерашното менување на статутот на партијата.

„Ќе се случи оставка на Мицкоски. Тој нема поддршка од надвор од штабот, освен од неговите „кои го тапкаат по рамо“, изјави Петровски.

Тој порача дека убаво би било да се сретне на дуел со некој од поддржувачките на Мицкоски со кои се тотално идеолошки различни и за кои Петровски констатираше дека „комплетно забегале“.