„Филијалите“ на ВМРО се будат, почнуваат кампања против пописот
Вкупно 18 организации од земјата подржани и од македонски организации од Канада, Америка, Австралија и Европа утре во хотелот „Континетал“ ќе потпишат Повелба за стратешка соработка против фалсификување на пописот и негово одложување поради Ковид – 19.
Според најавата, целта на овој, како што се нарекува, национален блок е да води кампања против пописот. Паролата под која ќе го пропагираат бојкотот, што патем е незаконски и казниво, е „Не отворам врата. Не учествувам во нелегитимен попис!“.
Во најавата не стои кои организации и структури стојат зад кампањата за бојкот, но со оглед на тоа дека кампањата наликува во голема мерка на таа против референдумот, веројатно тоа се истите тврдокорни структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои само се препакуваат.