Филхармонија одбележува 80 години од основањето
Националната установа Филхармонија одбележува 80 години од нејзиното основање. По тој повод на прием кај претседателката Гордана Сиљановска Давкова биле актуелниот и поранешни директори на институцијата – Александар Котевски, Мелпомени Корнети, Маја Чаначевиќ, Ангелина Димоска, концерт-мајсторот Анна Кондратенко и концерт-мајсторот во пензија Румен Димитриев.
На средбата, претставниците на Филхармонија ја запознале претседателката со роденденската сезона насловена „Одисеја“ исполнета со настапи и изведби на врвни странски и македонски солисти, ремек-дела на симфонизмот, концертно музицирање и премиерни изведби на дела од домашни музички творци. Тие информирале и за програмската политика на оваа институција која содржи нова форма на изразување збогатена жанровски и естетски за различни профили на публика, а која вклучува и едукативни симфониски концерти за најмладите.
Сиљановска Давкова на средбата истакнала дека оваа културна институција е единствен постојан претставник на симфониското творештво на македонската музичка сцена и дека Филхармонија градела свој специфичен имиџ по кој денес е препознатлива институција.