Филаделфија го декласира Канзас Сити и го освои Супербоулот
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/Super-boul-696x385-1.png)
Тимот на Филаделфија Иглс, синоќа, го победи бранителот на титулата Канзас Сити Чифс со 40:22 и го освои 59.Супербоул со што станаа НФЛ шампиони, по седум години пауза. Во спектаклот кој се одржа во Њу Орлеанс, најгледниот и најважниот спортски настан во текот на годината во САД, Иглси едноставно го декласираа доегашниот шампион. Патрик Махомс и другарите не се видоа на теренот, додека Иглси “летаа“ кон трофејот “Винс Ломбарди“ и на крајот заслужено славеа со своите фанови.
Филаделфија доминираше во „Супердомот“ во Њу Орлеанс. Во целост успеаја да го неутрализираат нападот на Чифси кои до овој 59.Супербоул беа двојни шампиони и со тоа им го уништија сонот дека може да бидат првата франшиза во историјата која може да дојде до три трофеи во низа.
Треба да се каже дека на пауза се замина со 24:0 за Филаделфија, во третата и четвртата четвртина тоа беше само рутински одработување на работата на фантастичните Иглси.
Ако Махомс ја одигра веројатно најслабата партија во кариерата, тогаш квотербекот на победнчкиот тим, Џејлен Хартс блескаше. И затоа беше прогласен за МВП.