Фиго: Реал Мадрид го сака Нејмар


Португалската фудбалска легенда Луис Фиго изјави дека Реал Мадрид го сака Нејмар и нема сомнеж за тоа.

– Не се сомневам дека Реал Мадрид сака да го има Нејмар, бидејќи шпанскиот клуб секогаш сака да ги има најдобрите играчи. Не знам, но во смисла на престиж, тоа ќе биде нешто позитивно. Нејмар има 27 години. Мислам дека не му треба многу совети. Единствено што можам да кажам е дека ова е лична одлука на играчот, изјави легендата на клубот.

Кога мислите за промена, додава Фиго во однос на можниот трансфер на ѕвездата на ПСЖ, секогаш мора да биде за нешто подобро или од финансиска гледна точка, или за престиж, или за подобри услови.