ФИФА објави револуција во ВАР системот, еве кои се новините

Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, ја соопшти големата вест на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок.
„Ќе го развиеме и подобриме ВАР. Тој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии кои одлучуваат, така што ќе биде достапен за секого и полесен за примена. Тој систем веќе се тестира.
Ќе функционира така што тренерот на секоја екипа ќе има право двапати по натпревар да бара помош од ВАР. Ако првичната одлука на судијата се смени по таквата барана проверка, тимот што побарал проверка сепак ќе има право на две проверки. Доколку, пак, по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш екипата која ја побарала го губи правото на една проверка по нејзино барање“.