ФИФА: Инфантино единствен кандидат за претседател на претстојните избори


 

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој ја води организацијата од 2016 година, ќе биде единствениот кандидат на изборите следниот март кога ќе се кандидира за својот трет мандат, објави во четвртокот светската фудбалска организација.

„Ниту една асоцијација членка на ФИФА не поднела друга понуда пред конгресот што ќе се одржи во Кигали на 16 март следната година“, соопшти Светската фудбалска федерација три дена пред почетокот на Светското првенство во Катар (20 ноември – 18 декември).