„Фич“ го подигна рејтингот на Хрватска поради влезот во еврозоната


 

Агенцијата „Фич“ го подигна, во најновата вонредна оценка на кредитниот рејтин на Хрватска за едно ниво, на BBB+, со стабилни изгледи, по завршувањето на постапката за прием на земјата во еврозоната.

Имано, редовната ревизија на рејтингот која ја спроведува „Фич“ предвидена е за 28 ноември, но поради важноста на потврдата за влез на Хрватска во европодрачјето оценија дека оваа ситуација со значителни материјални промени и со тоа одлучија вонредно да го подигнат рејтингот.

Новото зголемување на кредитниот рејтинг е директна последица на конечната одлука на Советот за економски и финансиски работи од 12 јули за прием на Хрватска во еврозоната на почетокот на следната година.

„Фич“ смета дека „усвојувањето на еврото позитивно влијае на рејтингот затоа што Хрватска ќе обезбеди статус на резервна валута, ќе ги намали трансакционите трошоци и ќе го ограничи валутниот ризик за финансиите на компаниите и домаќинствата“. Дополнително, таа рејтинг агенција нагласува дека Хрватска ги исполнила сите критериуми на конвергација (критериумите од Мастрихт) и реформите од ЕРМ II во најкус можен рок.

Во моментот според „Фич“, седум членки на ЕУ имаат понизок рејтинг од Хрватска, а тоа се Италија, Португалија, Грција, Кипар, Унгарија, Бугарија и Романија