ФХ3Х работеше на визуелните ефекти на херојот Шазам


Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на американскиот филм „Шазам!“, базиран на суперхерој врз карактер на ДиСи Комикс.
Филмот е во режија на Дејвид Сандберг и е седмо остварување во низата филмови според ДиСи Комикс карактери.
Главниот лик го игра Ашер Ејнџел, во улога на Били Батсон, тинејџер кој може да се трансформира во возрасен суперхерој, возрасниот карактер го игра Захари Леви.
Ова е првиот филм со овој карактер од серијалот „Авантурите на Капетан Марвел“ (оригиналното име на карактерот) креиран во 1941 година.
Филмот од денеска ќе се прикажува во киното Синеплекс.