Фетел купил акции во Астон Мартин


Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел купи акции во автомобилската компанија Астон Мартин, тоа го потврди и самиот Германец пред почетокот на викендот за ГП на Ајфел.

Фетел, кој ќе се приклучи на тимот на британската компанија на почетокот на следната година, откако не му беше продолжен договорот со Ферари, стана уште една влијателна фигура во светот на Формула 1, стекнувајќи акции во Астон Мартин. Покрај него, акции има и Лоренс Строл, кој следната година ќе го ребрендира тимот на Рејсинг Поинт како Астон Мартин, а акции има и шефот на Мерцедес, Тото Волф, како и Мерцедес, кој поседува 5 отсто од Астон Мартин.

– Мислам дека секој е слободен да прави што сака со свои пари. И колку што знам, Астон Мартин е јавна компанија и секој може да купи акции во неа. И да, имам акции, но точната сума не е важна и нема да зборувам за тоа, рече Фетел пред почетокот на викендот во Нирнбургринг.