Фестивал на младо вино „Тиквешија 2020” во Кавадарци


Фестивал на младо вино по четврти пат се одржа денеска во Кавадарци, на отворено во дворот на Винскиот музеј. Организатор беше Здружението за негување и развој на винската култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек”, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-На манифестацијата се присутни претставници на 19 производители на вино. Некои се индивидуални винари, други претставуваат семејни или големи винарии. Тие ги презентираа своите производи, рече Јован Еленов, претседател на Здружението.

Настанот се реализираше според протоколите за заштита од коронавирус.