„Фероинвест“ лани имал приход од 113 милиони евра
Голем раст од дури 135 отсто покажале фирмите од групацијата „Фероинвест“ во 2022 во споредба со годината претходно. Во оваа групација сопственост на Кочо Анѓушев припаѓаат и фирмите „Брако“ и „Рес“.
Растот на компаниите се должи најмногу на зголемена продажба на електрични и хидрогенски возила за чистење, зголемениот број на изградени сопствени електрани од обновливи извори (фотонапонски и биогас), изградба на електрани за други инвеститори, како и на снабдувањето со електрична енергија на македонското стопанство.
Групацијата во 2022 година отвори 42 нови работни места и вложи 28 милиони евра во инвестиции.
Инвестиции имаше и во проширување на фабриките и модернизирање на технологијата во склоп на „Брако“. Групацијата во моментов ги продава своите производи во 60 земји низ светот.