Фенди + Скимс: Најнеочекуваната модна соработка го освојува светот


САД/Италија– Минатиот месец, светот на модата беше изненаден кога Фенди соработуваше со Версаче на модните писти со ревијата Fendace. Сега, првиот е партнер со уште еден бренд за една од најнеочекуваните соработки оваа година: брендот за долна облека на Ким Кардашијан, Skims. Во вторникот, двата бренда го потврдија објавувањето на заедничката колекција, која ќе вклучува асортиман на облека и долна облека кои го обликуваат телото,како и комфорна облека која ќе излезе на 9 ноември.

„И Фенди и Скимс имаат културна моќ многу различна еден од друг, но подеднакво силна“, рече Кардашијан во соопштението за печатот. „Ние споделуваме желба да ги поместиме границите, да размислуваме поинаку и да ја предизвикуваме конвенцијата“. Идејата за соработка дошла кога креативниот директор на Fendi, Ким Џонс, сфатил дека неговите соработници го чекаат  излегувањето на Skims среде состанок: „Помислив: ајде да направиме нешто заедно“.

Украсена со логото на Fendi и Skims, колекцијата вклучува хеланки и спортски градници во светли бои, како портокалова и светло розова, како и тесни фустани во нјуд нијанси кои ја истакнуваат способноста на двата бренда за моделирање на телото. Колекцијата содржи и пуфер палта во бела и воено зелена боја, како и хулахопки со лого Fendi x Skims, боди и долна облека.

За разлика од претходните колекции на Skims, оваа колекција ќе биде поскапа во согласност со луксузната понуда на Fendi, со хеланки за 1.100 долари, пуфер јакни од 2.950 долари и фустани од 4.200 долари, според Wall Street Journal.

Од лансирањето во 2019 година, Skims стана моќен играч за долна облека, проширувајќи се во просторот на активна облека во последните две години. Неодамна, брендот соработуваше со Олимпискиот тим на Соединетите Држави за да обезбеди долна облека, комфорна облека и додатоци за жени спортистки, како и познати личности како Кејт Мос и Меган Фокс за своите кампањи. Неговиот комфорен фустан успеа да го привлече вниманието на TikTok, постојано се продаваше и растеше листа на чекање од над 40.000 луѓе.

Иако соработката може да биде неочекувана, со тоа што комфорното облекување продолжува да доминира во модата, одлуката на Fendi да соработува со Skims – има смисла. Колекцијата Fendi x Skims ќе се појави на 9 ноември во 9 часот наутро по EST, а цените ќе се движат од 100 до 4.200 долари.