Федерер: Во моментов не гледам причина да тренирам

Роџер Федерер, носителот на рекордни 20 Гренд слем титули, откри дека во моментов не тренира и не гледа причина да го прави тоа. Бр. 4 во светот е фокусиран на неговото семејство во моментот. Швајцарецот и неговата сопруга Мирка имаат две момчиња близнаци и две близначки.

– Од операцијата во 2016 година, немав поминато пет последователни недели дома. Беше одлично време за целото семејство, имаме среќа да бидеме здрави. Нашето семејство и пријатели се добри. Понекогаш полудуваме, поминувајќи толку многу време заедно, но тоа е нормално. Вистината е, јас не тренирам бидејќи, искрено, не гледам причина да го сторам тоа во моментот. Физички сум добро и мислам дека ќе биде долго време пред да започнеме повторно да се натпреваруваме. За мене е важно сега да се одморам добро, рече Федерер во разговорот со друг поранешен бр.1 во светот – трикратниот шампион на „Ролан Гарос“, Густаво Куертен (Бразил).

Тој додаде дека не му недостасува толку многу тенисот.

– Иако кога се приближуваме кон враќање и имам цел да тренирам, ќе бидам супер мотивиран, додаде 38-годишниот Швајцарец, цитиран од „essentialsports.com“.