Федерер спаси две меч топки и ја запиша својата победа бр.1200 во кариерата


Шпанија – Светскиот рекет број 3, Роџер Федерер се пласираше во четвртфиналето на турнирот од сериите „Мастерс“ во Мадрид, откако го победи Гаел Монфис со 6:0, 4:6, 7:6 (3) за 2 часа игра. Тоа беше неговиот усех број 1.200 на светската турнеја.

Швајцарецот беше повеќе од убедлив во првиот дел, во кој направи три брејка и така по само 18 минути поведе во сетови. На почетокот на вториот сепак Федерер допушти пад во играта и Монфис го искористи тоа и направи брејк. Носителот на 20 Гренд слем титули врати брејк за 3:4, но при 4:5 допушти нов, со што го изгуби вториот сет.

Во третиот тој повторно изгуби ген на свој сервис. Како и во вториот сет, Федерер направи брејк во седмиот гем. Така, дојде до 6:5 во корист на Монфис, кој имаше две мечтопки при сервис на својот противник. Французинот, сепак, играше премногу внимателно при двата случаи и не успеа да ги искористи овие можности. Ова резултираше со решавачки тајбрејк, со две мини брејка кои се покажаа доволно за 37-годишниот ветеран да запише победа.

Во следната рунда, Роџер ќе се соочи со Доминик Тим (бр.5), кој претходно го совлада Фабио Фоњини со 6: 4, 7: 5.