Федерер со драматична победа во Хале


Роџер Федерер го освои возбудливиот натпревар против Жо-Вилфрид Цонга на турнирот во Хале, во кој триумфираше со 7-6 (5), 4-6, 7-5.

Носителот на девет титули по 17-ти пат се пласираше во 1/4-финалето на турнирот, откако беше тестиран до крајни граници. Во следниот натпревар, Маестро излегува против Роберто Баутиста Агут.

Оваа година Федерер се врати и на сезоната на земја, а постигнувањето таму може само да му делува како дополнителен импулс. Од 11 натпревари тој освои 9 и загуби само два – против Рафаел Надал и Доминик Тим.

Триесет и четири-годишниот Цонга беше отсутен седум месеци поради операција на коленото.

Во Хале започна со победа над својот сонародник Беноа Пер.