Федерер не заминува во пензија


Швајцарија – Тренерот на Роџер Федерер, Иван Љубичиќ го даде своето мислење за иднината на швајцарскиот Маестро и откри дека сè уште не навестил за крај на кариерата. 41-годишниот Хрват, кој соработува со Роџер од 2015 година, ја сподели неговата физичка состојба и неговите шанси да продолжи во 2021 година.

Светскиот број 4, кој ќе наполни 40 години следниот август, беше подложен на операција на коленото во февруари и планираше да ја пропушти сезоната на земја уште пред кризата да го запре тенисот. Љубичиќ откри дека 20-кратниот Гренд-слем шампион не ни навестил за негово пензионирање и дека карантинот не влијаел на неговите планови за сезоната.

„Роџер се опоравува и во моментов поминува рехабилитација по операцијата. Карантинот не менува ништо за нас. Лошата среќа што ја имавме со оваа ситуација нема да влијае на нашата програма. Не зборувавме за 2021 година. Времето не запира и тој ќе има 40 години следната година, но тој сè уште не навестил за можно прекратување во кариерата, изјави тој за „Скај Италија“.