Федерер на Лејвер купот само во парови


Швајцарецот Роџер Федерер на својот проштален настап во кариерата во дресот на тимот на Европа на претстојниот Лејвер куп во Лондон ќе настапи само во парови, а не и во поединечна конкуренција.

Лејвер купот меѓу екипите на Европа и остатокот на светот е на програмата од 23 до 25 септември во лондонската О2 Арена.

-Мислам дека би можел в петок да заиграв во парови, изјави 41-годишниот Федерер за швајцарските новинари во Лондон.

– Искрено, по последните неколку интензивни тренинзи јас бев задоволен со нивото на мојата игра, рече Федерер, кој во Лондон тренираше со Гркот Стефанос Циципас.