Федерер и Ѓоковиќ му честитаа на Надал


 

Двајцата најголеми ривали на Рафаел Надал, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, му ја честитаа победата на Шпанецот на Австралија опен и неговиот огремен успех со 21-та грен слем титула.

„Каков меч!

На мојот пријател и голем ривал Рафаел Надал. Честитики со полно срце што стана првиот човек кој освои 21 грен слем титули. Пред само неколку месеци се шегувавме дека и двајцата сме со патерици. Чудесно. Никогаш не потценувајте го големиот шампион. Твојата извонредна работна етика, посветеноста и борбен дух се инспирација за мене и за неброени други ширум светот. Горд сум што ја споделувам оваа ера со тебе и ми е чест што те туркам напред да постигнеш уште уште повеќе, како што тоа го правеше ти за мене во изминатите 18 години. Сигурен сум дека пред тебе има бројни успеси, но сега уживај во овој“, напиша објави Федерер на Инстаграм.

Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи ги пофали во една порака освојувачката на женското финале Ешли Барти и Надал.

„Честитки за Рафаел Надал за 21. грен слем. Неверојатно достигнување. Секогаш импресивен борбен дух кој преовлада уште еднаш. Enhorabuena.

Медведев даде сѐ од себе и играше со страст и посветеност што сите ја очекувавме од него“, напиша Ѓоковиќ.