Федерер елиминиран од Мадрид по пропуштни две меч топки


Доминик Тим се пласираше во полуфиналето на „Мастерс“ турнирот во Мадрид, откако го победи Роџер Федерер по 3:6, 7:6 (11), 6:4 за помалку од 2 часа игра.

Ова беше четврти успех за Австриецот од вкупно шест натпревари против „Маестро“ на АТП турнејата.

Во меч за место во финалето тој ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ, кој се рангира напред без игра, откако неговиот противник Марин Чилиќ се откажа поради повреда уште пред натпреварот меѓу двајцата да започне.

Популарниот „Доминатор“ е најдобриот играч на земја оваа сезона по освојувањето на турнирите во Монте Карло и Барселона. Тој ги загуби последните две финалиња во шпанската престолнина, но при успех против Србинот утре ќе има шанса за трета година по ред да се бори за трофејот.

Во првиот сет „ФЕД-екс“ направи брејк во вториот гем и ја задржа предноста од брејк до самиот крај на делот за да поведе во резултатот со сет аванс. Во вториот сет и двајцата беа безгрешни на свој сервис на крајот дојде до тајбрејк.

Во него, Швајцарецот водеше со 3:0 во поени, но неговиот противник изедначи. На Тим му се наметна да спасува два меч топки за да преживее, но истовремено тој испушти цели пет сет-топки за време на тајбрејкот, за да се дојде до шеста таква, која успеа да ја освои.

Во третиот сет, Австриецот направи брејк уште во третиот гем, но неговиот противник го врати брејкот во осмиот. Сепак Тим стигна до нов таков во деветтиот гем, а потоа освои на свој сервис, по што запиша конечан победа.