ФДА денеска ја одобрува вакцината на „Фајзер“

Одделот за храна и лекови на американската Влада (ФДА) се очекува до вечерва да извраши итна авторизација за Ковид-19 вакцината на фармацевстката компанија Фајзер, објави Њујорк тајмс. 

Одделот, заглавен во премногу спора бирокартска процедура, првично најави дека тоа ќе го стори во сабота. Но по критики од претседателот Доналд Трамп, кој во твит синоќа порача „престанате да играте игри и започнете да спасувате животи!!!“, оттаму најавија дека одобрувањето на вакцината треба да се случи денеска, најдоцна до вечер. 

Весникот укажа дека 2.9 милиони вакцини се спремни веднаш да бидат испорачани низ целата земја. „Фајзер“ идната недела е подготвена да испорача уште 2.9 милони, затоа што првично имунизираните ќе имаат потреба од втора доза после три недели. 

Пви на ред за  вакцинирање се вработените во здравството и ониево домовите за грижа на стари лица. 

-Првите вакцинации ќе започнат во понеделник и вторник идната недела, Алекс Азар, министер за здравство и социјални работи на САД, изјави денеска за телевизијата „Еј-би-си“.  

„Модерна“ е втора американска компанија што наскоро се очекува да побара одобрување од ФДА за употреба на своја Ковид-19 вакцина.