ФБИ ја уапси поранешната девојка и соработничка на милионерот педофил Џефри Епстајн


САД– Гислејн Максвел, поранешна девојка и долгогодишна соработничка на обвинетиот сексуален престапник Џефри Епстајн, е уапсена, соопшти портпаролката на ФБИ Адриен Сенатор.

Американски обвинител за јужниот округ на Њујорк изјави дека во текот на денот ќе ги објави обвиненијата против Максвел, за „нејзината улога во сексуалното искористување и злоставување на повеќе малолетни лица што ги извршил Џефри Епстин“.

Максвел се повлече од јавноста по смртта на Епстајн, финансиер обвинет за силување и сексуална трговија со малолетни лица речиси две децении.

Некои од жртвите на Епстајн тврдат дека Максвел ги намамила во негово друштво и дека биле сексуално малтретирани од неговите моќни пријатели и од него.

Максвел беше уапсен утрово во Бредфорд, Њу Хемпшир, соопшти портпаролката на ФБИ.