Фаучи загрижен: Полоши сме од Европа, дозволивме заразата да се шири


 

Водечкиот стручњак за заразни болести на САД Ентони Фаучи рече дека неговата земја ќе се соочи со значително ширење на заразата ако најновиот удар на Ковид-19 не се стави под контрола.

Во изјава за Радио Би-би-си, тој укажа дека многу е вознемирувачки порастот на бројот на заболени во американските држави покрај настојувањата да се нормализираат животните прилики.

– Обемот мерки за изолација во Европа изнесуваше околу 97 отсто, а во САД, дури и во време на најстроги мерки, замо околу 50 отсто, што озоможи пандемијата да продолжи да се шири, рече Фаучи.

– Мора да створиме некаква друштвена одговорност кај луѓето, особено кај оние помладите – додаде тој. Според него, иако не се соочени со голем ризик од сериозни последици од Ковид-19, младите сепак се преносители на болеста.