Фаучи вели дека епидемиолошката ситуација во САД е полоша од Европа, Трамп – не е точно


Главниот медицински стручњак на Белата куќа Ентони Фаучи сведочеше пред Конгресот дека во САД забележителен е порастот на случаите за разлика од Европа која успева да ја искорени заразата.

Претседателот на САД Доналд Трамп, пак, ги негираше трвдењата на докторот велејќи дека причината за тоа се големит број тестирања.

Доналд Трамп на тврдењата на докотор Фаучи одговори на својот Твитер профил каде напиша дека САД има повеќе потврдени случаи со корона вирус од другите држави затоа што се тестира поголем дел од населението.

Иако, тие тестираат повеќе од која и да е држава, епидемиолозите и статистичарите велат дека стапката на позитивност укажува на тоа дека вирусот брзо се шири во САД, пишува Форбс.

Пред Конгресот, Фаучи објасни зошто во САД ситуацијата со корона вирусот е полоша отколку во Европа, велејќи дека Европјаните, откако вирусот првично почна да се шири, сопреле 90 отсто од од своите економии додека САД тоа го направија со 50 отсто од економијата.