Фаучи: Резултатите од тестирањето на вакцината на Модерна можат да бидат одлични


Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека резултатите од тестирањето на американската вакцина на компанијата „Модерна“ против коронавирусот можат да бидат одлични.

„Модерна“ наскоро треба да започне со проценка и анализа на податоците добиени во третата фаза од тестирањето на вакцината против корона вирус.

Фаучи рече дека нема да биде изненаден ако резултатите од тестовите се слични по ефикасност на вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, пренесува „Фајненшл тајмс“.

– Ни беше речено дека во следните неколку дена треба да ги добијат резултатите до кои дојдоа во „Фајзер“, рече тој.

Фаучи, кој го предводи Националниот институт за инфективни болести, рече дека не очекувал толку добри резултати од вакцините на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Тој додаде дека иако резултатите во однос на развојот и производството на вакцина се охрабрувачки, човештвото е сè уште многу далеку од победа над вирусо