Фаучи: Непочитувањето на препораките за Ковид-19 е „рецепт за катастрофа“


САД – Наглиот скок на новозаразени со Ковид-19 во САД во најголем дел е предизвикан од игнорирање на препораките да се одржува растојание и да се носат маски, нагласи главниот експерт на Управата за инфективни болести на САД.

Дневниот скок на новозаразени е најизразен во јужните и западните сојузни држави, кои не ги следеа препораките на здравствените службеници да чекаат постојан пад на инфекциите пред да се отвори економијата.

– Тоа е рецепт за катастрофа, изјави Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, за Си-Ен-Ен.

– Сега ги гледаме последиците од ширење на заразата во заедница кои е многу тешко да се запрат од ширењето на познати физички локации, како што се затворите, домови за стари лица или погони за преработка на месо, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.

Во САД има повеќе од 2,5 милиони заразени со новиот коронавирус, , а повеќе од 125.000 луѓе починаа од Ковид-19, и тие бројки се највисоки во светот.