Фаучи: Не можеме со сигурност да сметаме на ефикасна вакцина

WASHINGTON, DC - APRIL 09: National Institute of Allergy and Infectious Diseases Director Anthony Fauci attends the daily coronavirus briefing in the Brady Press Briefing Room at the White House on April 09, 2020 in Washington, DC. U.S. unemployment claims have approached 17 million over the past three weeks amid the COVID-19 pandemic. (Photo by Alex Wong/Getty Images)

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави денеска дека САД не можат со сигурност да сметаат на ефикасна вакцина против Ковид-19, предупредувајќи дека дневниот број на заразени лица би можел да се удвои доколку граѓаните не се придржуваат кон мерките за заштита.

Фаучи пред американскиот Конгрес изјави дека експертите кои се занимаваат со развој на вакцината се „умерено оптимистични“ кога станува збор за нејзината ефикасност.

– Од големо значење е да имаме безбедна и ефикасна вакцина што ќе им биде достапна на сите во оваа земја, истакна Фаучи.

Тој додаде дека е загрижен поради зголемениот број случаи на заразени со коронавирус во повеќе од половина од сојузните држави на САД, вклучувајќи ги Аризона, Флорида и Тексас.

Фаучи рече дека постои загрижувачки феномен, според кој државите или целосно ги спроведуваат строгите епидемиолошки мерки или се отворија прерано, а луѓето се собраат во барови и јавни места, игнорирајќи ги препораките.