Фатмир Битиќи позитивен на корона вирус


Вицепремиерoт за економски прашања Фатмир Битиќи е позитивен на корона вирус.

Тој, на  социјалната мрежа Фејсбук сам информираше за својата состојба и апелираше  задолжително да се носи заштитна маска.

Битиќи информира дека е во стабилна состојба и се надева дека ќе помине со лесно. 


На денешниот отчет во Владата, Битиќи не беше присутен, а на почетокот од Владата информираа дека е отсутен поради здравствени причини.