Фатени двајца крадци во Тетово што украле чанта со пари и документи


Вчера во 19 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Г.С.(34) и Б.А.(37).

Полицијата ги сомничи дека извршиле кражба во патничко моторно возило на ул. „Видое Смилевски Бато“ во Тетово.

Наводно, тие одзеле чанта со пари и документи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.