Фатени двајца крадци што ограбувале викендици и туристички објекти во Дојран


Фото: Б. Грданоски

На 19.09.2023 во 06.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Р.Б.(27) од село Николиќ, општина Дојран и С.С.(31) од Нов Дојран. При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени во туристички капацитети и викенд куќи на подрачјето на Нов и Стар Дојран.

Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против Р.Б. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил седум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“, од кои пет биле извршени во 2023 година, а останатите во 2021 и 2022 година. Лицето било изведено пред Судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.