„Фајненшл тајмс“: Зеленски е личност на годината


 

„Украинскиот претседател Володомир Зеленски стана водечкиот борд на демократскиот свет во глобалната борба против авторитаризмот што може да го дефинира текот на овој век, се наведува во оценката на „Фаjненшл тајмс“ со која тој се прогласува за личност на годината. 

Со наградата за личност на 2022 година, овој 44-годишен политичар заработи место во историјата поради неговото извонредно покажување на лидерство и цврстина, наведе весникот во образложението на својата одлука.