Фајненшал тајмс“: ЕУ ќе се се затвори

STRASBOURG, FRANCE - JANUARY 27: The British Union Jack flag (R) is displayed amongst European Union member countries' national flags inside of the European Parliament on January 27, 2020 in Strasbourg, France. The United Kingdom is set to depart the European Union on January 31, entering a transition period in which it will negotiate a new trade agreement with the bloc. (Photo by Thomas Niedermueller/Getty Images)

Според информациите на Фајненшл Тајмс (ФТ), европските власти се подготвуваат да прогласат затворање на границите на Шенген зоната поради пандемијата Ковид-19. Според изворите на ФТ, информацијата ќе биде потврдена попладнево во Брисел.

Оваа одлука би значела дека сите патувања во Шенген зоната од трети земји кои не се итни или неопходни ќе се забранат. Ова прашање се разгледува откако е констатирано големо зголемување на случаите на зараза со коронавирусот во земјите од Шенген зоната последните денови.

Одлуката треба прво да ја одобрат земјите членки,но останува отворено  прашањето на земјите членки на ЕУ кои не се дел од Шенген, како Хрватска, Ирска, Кипар, Романија и Бугарија.Забраната би предвидувала исклучоци за граѓани на ЕУ и лица со легален престој во Шенген како и за членови на нивните семејства. Исклучоци се предвидуваат и за медицински работници.

Утрово Макрон и Меркел разговарале за оваа мерка по телефон заедно со другите шефови на држави и влади. Макрон бил гневен поради одлуката на некои земји членки да ги затворат своите граници внатре во Шенген зоната и побарал заедничко европско решение.