Ф1: Расел и Антонели и следната сезона во болидот на Мерцедес


Формула 1 тимот Мерцедес денеска објави дека Џорџ Расел и Кими Антонели ќе останат во екипата и следната сезона.
„Потврдувањето на нашиот состав на возачи секогаш беше прашање на кога, а не дали. Сакавме да одвоиме време, да ги спроведеме преговорите како што треба и да се осигураме дека сите, од сите страни, се задоволни. Мило ми е што го направивме тоа“, изјави директорот на Мерцедес, Тото Волф
На шест трки до крајот на сезоната, Мерцедес е втор во конкуренција на конструктори, а Расел победи на две трки оваа сезона и е четврти во пласманот на возачи.
„Џорџ и Кими се покажаа како силен пар и возбудени сме што ќе го продолжиме нашето патување заедно. Нашиот фокус сега е на последните шест трки од годината додека се бориме за второто место во шампионатот на конструктори, а потоа кон 2026 година и нова ера во Формула 1“, рече, додаде Волф.