Евростат: Речиси 170.000 повеќе починати во 26 земји на ЕУ во првиот бран на корона вирусот отколку просечно во изминатите четири години

Речиси 170.000 повеќе луѓе починаа во 26 земји на Европската унија за време на првиот бран на коронавирусот отколку просечно во изминатите четири години, покажуваат официјалните податоци. Евростат соопшти дека од почетокот на март до крајот на јуни, евидентирани се 168 илјади смртни случаи повеќе во 26 земји на ЕУ.

„Овие податоци ги вклучуваат сите смртни случаи, без оглед на нивните причини, но можат да бидат корисни при проценка на директното и индиректното влијание на пандемијата врз европското население“, наведе Евростат.

Ирска не е вклучена во пресметката бидејќи податоците за таа земја се уште не се добиени.

Таа институција пресметала дека пикот на смртните случаи е регистриран во неделата на крајот на март и почетокот на април, кога имало 36 илјади смртни случаи.

Мажи починале повеќе во март отколку жени, а жените почесто умирале во април и почетокот на мај. Првите земји погодени од коронавирусот во Европа беа Италија и Шпанија, а овие две земји забележаа и најголем пораст на бројот на смртни случаи: Шпанија 48 илјади, а Италија повеќе од 46 илјади.