Европските комесари во посета на Киев


Украина- „Овде сме заедно за да покажеме дека ЕУ цврсто како секогаш стои на страната на Украина“, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер. На фотографија таа е прикажана по пристигнувањето во Киев со воз. 

Тема на разговорите во Украина би требало да бидат натамошните можности за поддршка на земјата и перспективата за нејзино приклучување во ЕУ. Меѓу прашањата за кои треба да се разговара, на пример, се напредокот што Украина треба да го направи во борба против корупцијата и можната поддршка од страна на ЕУ на тој пат, како и намалување на трговските бариери, хуманитарна и Воена помош за земјата и планираниот прием на Украина во роаминг-просторот на ЕУ.

Ова е четврта посета на Фон дер Лајен на Киев од почетокот на руската инвазијана Украина. Но, ова е првпат претседателката на ЕК да допатува со придружба на повеќе еврокомесари. Утре (3.02) би требало да се одржи самит ЕУ-Украина, на којшто се очекува и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.